Познатиот пар верува дека нивниот тригодишен син ќе ја победи болеста
Многумина беа потресени од веста објавена во петокот, дека тригодишниот син на познатиот пејач Мајкл Бабл боледува од рак.
Оттогаш канадскиот пејач и неговата сопруга, аргентинската актерка Луисана Лопилато добија голем број пораки за поддршка.
Имајќи предвид дека веднаш почнаа погодувањата од кој вид рак боледува детето, сестрата на Луисана, Даниела се огласи и ги демантираше гласините дека станува збор за леукемија.
- Ве молам да не погодувте што се случува со детето, бидејќи сите кои имаат деца знаат колку е тешко човек да се носи со ваква вест. Мојата сестра и нејзиниот сопруг ќе ги објават само оние информации, кои тие сакаат да ги поделат со светот, напиша таа.
Иако ова е тежок период за семејството, пријателите на парот велат дека Мајл и Луисана се полни со надеж и позитивни мисли дека малиот Ноа е борец и веруваат дека ќе успее да ја победи болеста.
Парот освен Ноа го имаат и десетмесечниот син Елиас.
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист