Познатиот актер тешко болен, има рак на грлото
За време на средба со фановите во театарот „Ројал Драри Лејн“, славниот актер Мајкл Даглас откри дека се сомнева оти неговиот добар пријател Вал Килмер веќе неколку месеци боледува од рак на грлото.
- Вал е прекрасен тип, кој се бори со истата болест со која се борев и јас. За жал, не е добро. Јас се молам за него. Затоа никаде не е присутен во последно време, рече Даглас.
Килмер, кој е најпознат по улогата на „Бетмен“, досега во неколку наврати негираше дека боледува од рак на грлото.
Гласините за тешката здравствена состојба на Килмер првпат се појавија лани, кога 56-годшниот актер беше виден со трахеална канила во грлото, но тој тогаш тврдеше дека ги извршил сите прегледи и дека е целосно здрав.
Мајкл Даглас објави дека боледува од рак на грлото уште во 2013 година, но подоцна беше утврдено дека во прашање е тумор на јазикот.
Ако се открие во раниот стадум, шансите за опоравување од рак на грлото се од 80 до 95 отсто. Но, во последниот стадиум шансите за преживување се само 20 до 25 отсто.
Ново на Сител
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек