-->
-->
Познати составите за мечот Вардар – Реал Сосиедад
-->

– Чедомир Јаневски шефот на стручниот штаб на ФК Вардар ги одбра петнаесетината фудбалери со кои ќе го започне натпревраот против Реал Сосиедад.
Македонскиот шампион Вардар вечерва на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, ќе го игра третиот меч од групната фаза во Лига Европа, во кој за противник го има реномираниот шпански тим Реал Сосиедад.
Вардар мечот ќе го започне со следниве единаесетмина: Гачевски, Грнчаров, Хамбарџумјан, Новак, Глишиќ, Николов, Глигоров, Хуан Фелипе, Барсегјан, Џигаури и Итало.
Гостинскиот тренер Еусебио Сакристијан се среши за следниве единаесетмина: Рули, Љоренте, Иљараменди, Зубелдија, Прието, Вилијан, Елустондо, Каналес, Ојарзабал, Де ла Бела и Горосабел.
Дуелот, Вардар – Реал Сосиедад ќе започне во терминот од 19 часот, а ќе го суди Алијар Агхајев од Азербејџан.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кoс: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче удри на два фронта - „идиот“ за Мицкоски, „шлепер“ за сопартијците
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
