Loading Video...
Фудбал
26. July 2020 - 19:45

Познати евентуалните противници на ФК Силекс во ЛШ

Фудбалерите на Силекс се во ек на подготовките за стартот на домашното првенство но и настапите во фудбалска Европа.  Денеска се комплетира листата на можни противници за првото квалификациски коло од ЛШ а извлекувањето е закажано за 9-ти август. 
На листата се силни екипи, атрактивни, звучни но и екипи кои отсекогаш биле незгодни противници за македонските клубови. 
Можеби најпосакуван ривал е шкотскиот гигант Селтик но и поранешниот европски првак Црвена Звезда, унгарскиот Ференцварош и бугарскиот Лудогорец. 
Иако македонскиот фудбал е слабо рангиран па Силекс е во групата на неносители сепак има тука и екипи кои можат да се елиминираат како Литванската Судува, Сарајево од БиХ и ирскиот Дандалк. 
Останатите се познати екипи од Полска, Азербејџан, Израел, Словачка, Кипар, Романија, Казахстан и тн. 
Според пропозициите се до плеј-оф фазата ќе се игра по еден натпревар поради пандемијата со корона-вирусот а домаќинот ќе биде одреден со ждрепка.  Сите екипи кои ќе бидат елиминирани во 1-то квалификациско коло ќе ги продолжат натпреварите во Лига Европа.  Извлекувањето е на 9-ти август.