Познати двојките за разогрувањето во ракометната Лига на шампиони
Со одигрувањето на натпреварите од последното коло во групната фаза, комплетиран е списокот на екипи кои ќе играат во нокаут рундата во ракометната Лига на шампиони во двете конкуренции.
Ракометарите на Вардар, кои го освоија првото место во својата група директно обезбедија пласман во четврфиналната рунда. Македонскиот шампион за место на завршниот „фајнал-фор“ турнир ќе игра со подобриот од осминафиналниот двомеч меѓу белорускиот првак Мешков Брест и германската екипа Фленсбург.
Директен пласман во четвртфиналето обезбеди и Барселона за која настапуваат Кирил Лазаров и Борко Ристовски. Шпанскиот шампион ќе игра против победникот од германската пресметка меѓу Кил и Рајн-Некар Ловен.
Во останатите осминафинални натпревари ќе играат: Нант - Париз Сен Жермен, Силкеборг – ПИК Сегед, Монпелје - Киелце и ППД Загреб – Веспрем.
Првите натпревари од нокаут фазата ќе се играат од 22 до 26 март, а реваншите се седум дена подоцна.
Во женска конкуренција македонските шампионки - ракометарките на ЖРК Вардар за место на „фајнал-фор“ турнирот во Будимпешта ќе се борат со данската екипа Митјиланд. Црвено-црните првиот меч од четвртфиналето ќе го играат на гостински терен во периодот од 7 до 9 април, додека реванш средбата во Скопје ќе се игра во приодот од 14 до 16 април.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор
-
И Филипче бара од Бугарија да нема нови барања за македонскиот идентитет
-
Владата отвора телефонска линија за барањата и потребите на повредените во Кочани и нивните семејства
-
Поголемо внимание и прилагодена брзина на патиштата за безбедност во летната сезона
-
Внимателно со барањата за високи плати, да не вивне инфлацијата!
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вози Ауди Q8 купен од газда на фирма која набавуваше 3 пати поскап јаглен
-
СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година
-
Заврши изградбата на пречистелната станица во Дојран