Loading Video...
Кошарка
6. April 2018 - 15:00

Познати два пара за четвртфиналето во Евролигата

Со трите средби кои ќе се играат вечерва ќе биде заокружена групната фаза во кошаркарската Евролига.

Иако веќе се познати осумте тима кои ќе играат во плејофот, последните дуел од групната фаза ќе го дефинираат и конечниот пласман на табелата, а со тоа и изгледот на четвртфиналните парови. 

Досега сигурни се два пара за четвртфиналната рунда.Првопласираната ЦСКА Москва ЦСКА во руската пресметка со Химки, како и актуелниот шампион Фенербахче во дуелите против шпанската Басконија, ќе ја имаат предноста на домашниот терен.

Во зависност од исходите на денешните средби, Олимпијакос – Жалгирис, Валенсија – Макаби и Реал Мадрид – Бамберг, останува да се види кои ќе бидат преостанатите два пара. 

Сигурно е дека Олимпијакос, Реал Мадрид, Панатинаикос  и  Жалгисрис ќе играат во плејофот.