Познати добитниците на грантови за воведување современи агроеколошки мерки
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денеска ги објави добитниците на грантови за воведување современи агроеколошки мерки. Дваесет земјоделци производители на градинарски култури и 10 производители на овошни култури се добитници на грант во опрема во вредност од 300 илјади денари.
Добитниците на грантови учествуваа во проектот „Управување со сливот на река Струмица“ и при тоа беа одржани специјализирани теоретски и практични обуки за агроеколошко производство за околу 80 кандидати - градинари и овоштари.
По спроведениот тест на знаење во четири области-овоштарство и градинарство, наводнување, ѓубрење и заштита, според вкупниот број бодови се изврши рангирање на најдобрите.
Проектот „Управување со сливот на река Струмица“ е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините од сливот и други релевантни институции.
Ново на Сител
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково
-
Приведен 25-годишник од Штип, бил баран со потерница поради бегство од затвор
-
Македонците во Белгија го чествуваат Велигден
-
Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што напиша дека Киев е „руски град“
-
Зеленски: Русија на Велигден изврши 46 воздушни напади и 900 гранатирања на Украина
-
Папата Франциск кратко се појави на балконот на базиликата Св. Петар за благословот Урби и Орби и им го честиташе Велигден на верниците
-
Прегазен малолетник во Делчево