-->
-->
Познати добитници на признанијата во мак-баскетот за 2017 година
-->
Спортските редакции во медиумите, тренерите, судиите и клубовите во Република Македонија ги дадоа своите гласови и ги избраа најдобрите во кошарката за изминатата 2017 година.
На свечената церемонија ќе им бидат доделени и благодарници на спонзорите кои и оваа година беа поддржувачи на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) како и на Специјалната Олимпијада на Македонија која продолжува да промовира развој на кошарката кај лицата со попреченост.
Ќе бидат прогласени и најдобрите во тренерската и судиската фела.
Листа на добитници на признанија:
Најдобар кошаркар: Перо Антиќ (Фенербахче/ Црвена Звезда)
Најдобра кошаркарка: Јелена Антиќ (Лулеа/ Висла Кенпак)
Најдобра машка екипа (сениори): МЗТ Скопје Аеродром
Најдобра женска екипа (сениорки): Бадел 1862
Најдобра машка екипа (младински): Вардар
Најдобра женска екипа (младински): Бадел 1862
Тренер на женска екипа (младински): Анета Глигорова (Бадел 1862)
Тренер на машка екипа (младински): Денис Дервишевиќ (Феникс 2010)
Тренер на женска екипа (сениорки): Бранко Андриевски (Вардар)
Тренер на машка екипа (сениори): Љупчо Малинков (Фени Индустри)
Млад кошаркар: Дамјан Крстевски (Работнички, репрезентација до 18 години)
Млада кошаркарка: Тијана Митрева (Мерцедес Алгеро, репрезентација до 16 години)
Најдобар судија: Алија Феревски.
Признанијата ќе бидат доделени во понеделник (25 декември) со почеток во 19 часот во „Сквер 21“ (поранешно кино Вардар).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат