Познатата пејачка открива: Не можев да издржам ниту еден час без кокаин!
Младата пејачка Деми Ловато ги преживува деновите на својата успешна кариера, но пред само неколку години го допрела дното. Таа имала проблеми со пореметување на исхраната, самодовербата и најлошо од сѐ, зависноста.
Во неодамнешното интервју таа се присети на најтешките денови кога во 2010 година завршила на рехабилитација од алкохол и дрога. И денес поради тоа се плаши да отиде на забава за повторно да не навлезе во тие води.
“На потежок начин морав да научам дека излегувањата не се за мене. Некои луѓе можат да се забавуваат и да не подклекнат пред пороците, но не и јас”, призна таа.
Уште како тинејџерка почнала да се дрогира, а работите набрзо излегле од контрола – без кокаин не можела да издржи подолго од еден час. Одбивала секаква помош од семејството, пријателите и соработниците.
“Пред лекувањето бев една од оние луѓе на кои не им е гајле за ништо. Беше ноќна мора да се работи со мене”, вели 23 годишната Деми.
Сепак, таа отишла на рехабилитација, но тогаш почнале да се редат други проблеми. Последиците од зависноста биле пореметување во исхраната и биполарно пореметување, кое на крајот успеала да го надмине. Денес строго се држи подалеку од било каков алкохол, а научила да го прифати и своето тело кое понекогаш го смета за одвратно и предебело.
“Можеби мојот моментален начин на живот звучи досадно, но дојдов до момент во животот кога порадо би седела дома отколку да одам во некој клуб каде на никој не му е гајле за мене”, вели пејачката.
Денес вечерите главно ги поминува дома со дечкото Вилмер Валдерама, попознат како Фез од Лудите 70-ти, кој и е огромна поддршка.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња