-->
-->
Позната возраста и живеалиштето на загинатиот брачен пар кај Демир Капија
-->

Седумгодишното дете чии родители утрово загинаа во сообраќајна несреќа кај Удово се наоѓа во тешка здравствена состојба, објави Телеграф повикувајќи се на болнички извори.
-Од болнички извори дознаваме дека момчето, поради сериозноста на повредите, е пренесено на КАРИЛ – Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Од болницата не можеа да кажат со какви повреди се здобило момчето, освен тоа дека неговата состојба бара интензивен лекарски третман, пишуѕва порталот.
Со него во болницата се наоѓаат неговите баба и дедо, кои во секој момент очекуваат добри вести.
Сообраќајката се случи утрово околу 7 часот на патот Удово – Демир Капија, кај месноста Свети Петка. Во неа учествуваа автомобил „фиат сеиченто“ и автобус на „Струмица експрес“. На самото место почина мајката Б.П., а таткото Н.П., кој го возел автомобилот, почина подоцна во болница.
Засега нема информации за повредени патници во автобусот. Според последните информации што ги добивме од МВР, увидот сè уште трае и оттаму не можеа да соопштат детали како дошло до несреќата. Инаку, како што дознаваме, родителите биле на возраст од околу 40 години, живееле во скопски Капиштец, а повреденото момче им било единствено дете.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
