Позната старлета се бори за живот, Тамара во болница: Незнам дали жива ќе излезам од овде!
Старлетата и пејачка Тамара Ѓуриќ се наоѓа на ВМА, каде лекарите се борат за нејзиниот живот, дознава српски Курир.
Поранешната учесничка во „Фарма“ на Военомедицинската академија во Белград е примена на Велики Петок видно малаксана и со висока температура.
-Тамара буквално не можела да стои на нозе, па нејзините пријатели се јавиле во Ургентниот центар. Дежурниот лекар, откако слушнал за симптомите на сталетата, веднаш ги упатил на ВМА. Таму и се направени анализи, кои покажале дека е животно загрозена. Итно следувала интервенција. И ставиле канила во централната вена во вратот и и дале деривати за да застане на нозе. Утврдено е дека хијалуронската киселина во облик на гел, со која го зголеми задникот и направила проблем, вели извор близок до Тамара.
По овие информации, екипата на Курир, отишла на ВМА, во посета на Ѓуриќ. Уште од вратата од апартманот ја виделе Тамара видно исцрпена, со двесетина килограми помалку, како лежи во болничката постела, со очи отечени од солзи. Ги замолила да не ја сликаат.
-Не знам дали жива ќе излезам од болница, рекла и почнала да плаче.
-Имам доверба во лекарите од ВМА, кои прават се за да ме спасат. Кога целосно ќе се опоравам, ќе издадам официјално соопштение за агонијата низ која поминав поради нестручноста на доктор во една приватна клиника, вели Тамара.
Погрешно ја лекувале
Нестручноста на лекарите во клиниката на која Тамара повеќе пати правела естетски интервенции довела до тоа сега да се бори за живот.
-Кога Тамара првпат добила температура, таа логично отишла кај својот лекар во приватната клиника. Тој мислел дека таа реакција по вбризгувањето на хијалуронот е сосема нормална и и препишал погрешна терапија. Нон-стоп и правеле анализи, ја боделе во вените константно, но не можеле да утврдат што се случува, и дека проблем и правел хијалуронот. На крајот заврши на ВМА, вели нејзината пријателка.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните
-
Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме
-
Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот
-
Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител
-
Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот