Балкан
1. March 2016 - 14:46

Лавров: Да се затвори турско-сириската граница за да прекине дотурот на оружје за терористите

Во колоните со хуманитарна помош од Турција за Сирија заминува и оружје за бунтовниците, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во говорот на годишната сесија на Советот на ОН за правата на човекот, информира ТАСС.

- Имаме специјална задача да го пресечеме снабдувањето на терористите од надвор, за кое неопходно е да се затвори границата на Сирија со Турција, преку која одат испораките на оружје за бандитите, вклучувајќи ги и колоните со хуманитарна помош, подвлече Лавров.

Лавров посебно внимание посвети на обидите на турските новинари да им дадат гласност на овие информации, што доаѓаат од Анкара.

Новинарите кои ја информираат јавноста за тоа се изведуваат пред суд и се осудуваат на многугодишни затворски казни, забележа рускиот шеф на дипломатијата.