Позната пејачка преживеа сообраќајка, со глава удри во ветробранското стакло
Пејачката Катарина Грујиќ пред два дена доживеала сообраќајна несреќа. Задниот дел од нејзиниот автомобил е уништен, но таа за себе вели дека се уште е „секси и убава“.
Во автомобилот на убавата пејачка удрил друг автомобил додека стоела на семафор. Од силината на ударот пејачката со глава удрила во предното стакло, додека девојката која управувала со другото возило, поминала без повреди.
-Најважно е што сум здрава и жива, вели Каќа.
Таа со пријателките била на ручек, по што тргнала да се најде со момчето Немања Буха и наместо да одат во кино, попладнето го поминала во болница. Се се одиграло додека многу брзо, додека стоела на семафор, зошто девојката што требало да застане зад неа возела со поголема брзина и ја удрила од задната страната, по што Катерина удрила со глава во ветробранското стакло.
За среќа пејачката не изгубила свест, но на главата и се појавил помал хематон. Веднаш го повикала момчето, излегла од возилото и видела дека задниот дел и е уништен.
Со девојката што удрила во неа се договориле околу надоместок на штета.
-Катарина имала неподносливи главоболки па отишла во Ургентниот центар каде поминала неколку часа на испитување, а откако се било во ред на скенерот пуштена е на домашно лекување, изјави извор близок до неа.
Ново на Сител
-
Трамп: Го повикувам Иран на преговори пред да биде предоцна
-
Влада: Обезбедени 50 милиони денари за нови средношколци во дуално образование
-
Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад
-
Заедничка изјава на Г7: Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје
-
Трамп повикува на евакуација на Техеран, конфликтот меѓу Израел и Иран влегува во петтиот ден
-
По вчерашната серија, ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион
-
Продолжува работната посета на Сиљановска-Давкова во Тирана
-
Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи