Позната брзината со која се движел автобусот непосредно пред несреќата
Досегашното вештачење нема утврдено техничка неисправност на автобусот што пред два дена излета од патот кај село Ласкарци, пишува „Алсат“.
Како што дознава телевизијата истрагата се води во два правци. Едниот утврдува објективни причини за несреќата, како на пример дали можеби возачот ја загубил контролата над автобусот во обид да избегне судир со друго возило или пак, возел со неприлагодена брзина. Утврдено е дека непосредно пред несреќата автобусот се движел со брзина од 80-85 километри на час.
Се утврдуваат и субјективните причини кои би можело да се причина за сообраќајката, пред сè, здравствената состојба на возачот, односно можноста неговото внимание, поради различни причини (телефон, пиење вода и сл.) да било оттргнато од патот.
Истрагата што ја спроведува група експерти од машинскиот факултет продолжува.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место