Позната британска група ќе пее во живо во виртуелна реалност
Настанот е прв од ваков вид и ќе се случи на 17 август 2017 година. Британската група Колдплеј ќе ги израдува своите фанови со иновативен концерт, кој ќе се пренесува директно во виртуелна реалност.
Настанот, кој ќе се одржи во рамките на турнејата „A Head Full Of Dreams“, е прв од ваков вид. Гледачите од 50 држави ќе можат да го гледаат шоуто, чувтвувајќи ги сите светлосни и ласерски ефекти директно од сцената во Чикаго, исто како да се таму. За корисниците кои нема да успеат да го гледаат шоуто во реално време, ќе има опција за повторување за ограничен временски период преку услугата Samsung VR.
Партнери во новиот проект на групата се компаниите Samsung и Live Nation. Виртуелната реалност ќе се остварува преку очилата Gear VR на Samsung кои работат со новите смартфони на истата компанија.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница