Македонија
26. January 2016 - 13:33

Познат идентитетот на пешакот чиј живот заврши под тркалата на тамче

На крстосницата меѓу булеварот. „Кочо Рацин“ и улицата „11 Октомври“ во Скопје вчера во 15:25 часот се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило „ТАМ“ со скопски регистерски ознаки, управувано од С.М. (44), удрило во пешакот П.Т. (71) од Скопје. 

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот П.Т. Тој со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар каде во 17:45 часот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од Одделението за истрага на сообраќајни несреќи-Скопје.