Познат идентитетот на момчето кое загина во сообраќајката во Охрид

Дваесет и шестогишниот Д.Ј. од охридското село Велгошти е лицето што утрово го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што се случи на една од главните собраќајници во Охрид.
Според соопштението на СВР - Охрид, несреќата се случила во 5:25 часот утрово на улицата Питу Гули“ кога Д.Ј. изгубил контрола врз возилото „Форд Мондео“ што го управувал, преминал на спротивната сообраќајна лента, излетал од коловозот и директно удрил во дрво.
Неговата смрт на местото на сообраќајната незгода ја констатирал доктор од Службата за итна медицинска помош, чија екипа набрзо пристигнала на улицата „Питу Гули“.
На лице место на несреќата извршен е увид во присуство на јавен обвинител, овластен судски вештак и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.
По наредба на јавен обвинител, врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и дополнително техничко вештачење врз патничкиот автомобил за утврдување на околностите околу кои настанала незгодата.
Ново на Сител
-

Венс: Тажен сум поради изборниот пораз на Орбан, но САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник
-

Царинската управа ќе одбележи 34 години од основањето
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта локални врнежи од дожд и засилен ветер
-

Маѓар најави дека ќе ги зачува добрите односи со нашата земја
-

Шкендија убедлива со Шкупи, Струга поразена дома од Тиквеш
-

Израелската амбасадорка ги поздрави акциите на македонските власти за истрагата на обидот за палење на синагогата
-

Муцунски со честитки до Петер Маѓар, очекува продолжување на билатералната соработка
-

Приведен жител на неготинско Пепелиште, алкохолизиран и со забрана за управување возило удрил во пешак
