Македонија
15. December 2020 - 13:13

Позитивен на коронавирусот уште еден здравствен работник од Кавадарци

Позитивен на Ковид-19 е уште еден здравствен работник од Кавадарци, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

– Изминатите 24 часа евидентирани се 24 новозаболени. Најмладиот има 22 години, а најстариот 81 година. Осумнаесет лица се од Кавадарци, едно од Росоман и пет од Неготино, рече Јовановски.

Од Ковид-19 починало 84-годишно лице од неготинско.

Се работи на утврдување на контактите на новозаболените, со цел да се изолираат.