Македонија
8. December 2020 - 13:07

Позитивен на коронавирус уште еден наставник во Кавадарци, во изолација 13 ученици и еден наставник

Наставник во основно училиште во Кавадарци е позитивен на коронавирус. Во изолација се 13 ученици и еден наставник. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Последните 24 часа регистрирани се нови 48 случаи позитивни на Ковид-19 во Тиквешијата.

– Дваесет и три од Кавадарци, два од Росоман, 20 од Неготино и три од Демир Капија. Најмладиот новозаболен има 21 година, а најстариот е на 90-годишна возраст, рече Јовановски.

Тој додаде дека изминатото деноноќие починале две лица со коронавирус од Тиквешијата. Едното од Неготино на возраст од 65 години, а другото од Демир Капија на 68-годишна возраст.

Се утврдуваат контактите на новозаболените со цел  да се изолираат.