Пожарот во „Вјесник“: Правна дилема околу казната за малолетниците, штетата десетици милиони евра

По пожарот што го уништи облакодерот „Вјесник“ во Загреб и апсењето на две помлади полнолетни лица, во хрватската јавност се отвори полемика за начинот на кој треба да им се суди и пресуди, како и за начините за надоместување на големата материјална штета, со оглед на тоа дека тие неодамна наполнија 18 години.
Експертите утврдија, а властите одлучија, дека зградата на „Вјесник“ мора да биде урната поради опасност од уривање. Сега забрзано се работи на изготвување план за тоа како ќе се изврши оваа работа.
За кривичното дело предизвикување пожар во зградата на „Вјесник“, според законот, предвидена е казна затвор од една до 10 години.
Пензионираниот адвокат и поранешен правобранител за деца, Љубица Матијевиќ Врсаљко, смета дека оваа постапка треба да се води пред Судот за малолетници, а не според општиот Кривичен законик. Таа нагласува дека станува збор за помлади полнолетни лица без претходна кривична евиденција, што е клучно за одлуката на судот.
– Со оглед на тоа што станува збор за полнолетни лица кои неодамна наполниле 18 години, а претходно не биле казнувани, сметам дека постапката треба да се води пред Судот за малолетници, кој, доколку се утврди кривична одговорност, би можел да изрече казна малолетнички затвор, смета Матијевиќ Врсаљко.
Според неа, интенцијата на државата била младите луѓе за делата што ги прават во тој чувствителен период, кога штотуку зачекориле во полнолетството, да не се казнуваат исто како некој кој има 21 или повеќе години.
– Затоа и постои дефиницијата за помлад полнолетник. Судот за малолетници може потоа да им изрече казна малолетнички затвор, која би ја служеле во затворот во Туропоље и не би завршиле во затвор со веќе закоравени криминалци кои би можеле дополнително да ги социјализираат во криминал, појасни Матијевиќ Врсаљко за „Дневник“ на Нова ТВ.
Големо внимание предизвика и огромната материјална штета на облакодерот, па се поставува прашањето дали осигурителната куќа, доколку зградата била осигурена, ќе покрене парница против осомничените.
– Сето тоа може да дојде по утврдувањето на кривичната одговорност во форма на регресно барање од осигурителната куќа, но тоа нема смисла. Кој би ги гонел двајца осумнаесетгодишници и би се обидел да им наплати 50 милиони евра? Од што, како?, праша поранешната правобранителка.
Матијевиќ Врсаљко се осврна и на одговорноста на службата за обезбедување, која очигледно не спречила голем број млади луѓе да влезат во напуштената зграда.
МИА
Ново на Сител
-

Слободен влез за натпреварот на македонската кошаркарска репрезентација со Азербејџан
-

Ќе се врши обдукција за да се утврдат причините за смртта на тетовецот пронајден со прострелна рана
-

Нивото на водата во Охридското Езеро десет сантиметри над просекот за ноември
-

Пожарот во „Вјесник“: Правна дилема околу казната за малолетниците, штетата десетици милиони евра
-

Поранешен заменик министер и директор меѓу осомничените, утрово претреси на МВР во Скопје, Куманово и Тетово
-

Кина и Тајван во фокусот: Телефонски разговор меѓу јапонската премиерка Такаичи и претседателот Трамп
-

Анкета: Повеќето Германци ја отфрлаат улогата на воено лидерство во Европа
-

НАСА ги објави првите фотографии од новата мисија на Марс, направени на 885.240 км од Земјата
