-->
-->
Пожарот во Словенија продолжува да беснее, на италијанската страна има жртва
-->
На словенечкиот Крас, крај границата со Италија, продолжува да беснее шумскиот пожар што досега зафати над 2.000 хектари, а синоќа на италијанската страна ја зеде и првата жртва.
Педесет и шестгодишната Елени ло Дука го загуби животот откако врз неа падна опожарено дрво, при вршење увид.
Според некои проценки, станува збор за најголем пожар регистриран во Словенија.
Пред два дена, пожарот се прошири во Словенија од Италија. Некое време беше под контрола, но состојбата повторно е сериозна.
Евакуирани се три села во словенечката област, каде живеат околу 400 луѓе. Огнот е прилично оддалечен од нивните домови, но подрачјето е опасно по живот бидејќи е опкружено од густ чад
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Вработување по стручност а не по етничка основа најавува новиот министер за дигитална трансформација
-
Да се постават табли на плажите кои не се безбедни
-
Преглед на вести од светот
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании