-->
-->
Пожарот во Прилеп ставен под контрола, спасен и манастирот
-->
Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), додавајќи дека нема опасност по манастирот.
„Во комуникација со командирот на ТППЕ Прилеп известени биле дека во моментот позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака, ќе направат напори да го стават под контрола и изгаснат. Има доволен број на луѓе на терен, а воздушна подршка во моментот не е потребна“, додаваат од ЦУК.
Според првичнте информации од ТППЕ Прилеп, огнот се појавил вчера околу 19 часот кај Споменикот во Дабница од запалено ѓубриште. Силниот ветар го разгорел и се проширил и на Маркови Кули, каде во близина има и куќи од ромска населба.
Во моментов во прилепско има 4 активни пожари на различни локации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради