Пожарот во Калифорнија прерасна во четврти најголем во историјата на оваа сојузна држава
Повеќе од 6.000 пожарникари и натаму се борат со огромниот пожар, што досега прерасна во четвртиот по големина во историјата на Калифорнија.
Жештината воопшто не носи олеснување на ситуацијата, а властите соопштија дека пожарот е локализиран 27 отсто.
-Имавме грмотевици кои ни зададоа проблеми, рече Кристофер Јанг, портпарол на Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари, или Cal Fire.
Пожарот во калифорнија бил предизвикан на 24 јули од пироман кој турнал запален автомобил во ров во близина на Чико. Оттогаш, изгорени се повеќе од 162.200 хектари земја или површина поголема од градот Лос Анџелес.
Уапсениот 42-годишен маж се изјасни за невин, но беше обвинет за подметнување пожар и е задржан без кауција, соопштија официјални лица.
Од избувнувањето на пожарот, пред 11 дена, досега се уништени над 560 домови и други објекти.
– Пожарот вчера беше локализиран 27 отсто, соопштија властите и додадоа дека „се потребни два до три часа за да се стигне до опожарените линии поради нерамниот и непристапен терен“.
Дел од пожарникарите со хеликоптери се превезуваат до опожарените линиии, а некои се очекува таму да останат со денови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари