Пожарот во Берлин ставен под контрола

Противпожарните екипи во главниот град на Германија го ставиле под целосна контрола пожарот што пред 14 часот избувна во „Европа Центарот“ лоциран на една од најфрекфентните берлински улици.
Во гаснењето на огнот учествувале 60 членови на противпожарната бригада, која заедно со одделот за пиротехника во берлинската полиција сеуште не можат да утврди кои се причините за пожарот кој го вознемири главниот град на Германија.
Според медиумите во прашање најверојатно е технички проблем кој предизвикал оган на дрвената конструкција на врвот од зградата изградена пред околу поливина век, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Како последица на пожарот запрена е ротацијата на симболот на компанијата „Мерцедес“, кој што се се наоѓа на последниот кат и важи за еден од туристичките симболи на Берлин.
Дел од медиумите јавуваат дека во првите минути откако пожарот е забележан полицијата сакала да испрати специјални единици за борба против тероризам но сепак по итната евакуација на „Европа Центарот“ не дошло до распоредување на полициски сили.
Северниот дел на земјата по инцидентот во Хемниц и за време на потрагата по Сириецот Ал Бакр кој сакал да нападне некој од аеродромите во Берлин неколку дена беше под зголемен ризик од терористички напади.
Ново на Сител
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
