Пожарот од депонијата Трештане во Штип се спушта во атарот на село Софилари
Пожарот од депонијата Трештане скала е веќе излезен надвор од контрола и е проширен на околните ридови. Се спушта во атарот кон село Софилари.
Во моментов пожарникарите на неколку места не дозволуваат пожарот да се приошири на остантите околни ридови. Друга група пожарникари не дозволува пожарот да влезе во нива со жито.
Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов за МИА вели дека веќе контактирал со диеркторот на ЦУК Стојанче Ангелов во случај да им е потребна и помош од ЦУК, како и гаснење на пожарот од воздух.
Јорданов е во контакт со надлежните од соседните општини и од Брегалничкиот регион за да испратат свои екипи од противпожарните единици и да им помогнат на штипските пожарникари кои во моментов сите се на терен.
Повеќе информации се очекуваат од изјава на Дарко Коцев, командир на ППЕ - Штип.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје