Пожарот на Галичица се уште активен
– Пожарот во Националниот пар „Галичица“ од Преспанска страна уште е активен, но ставен е под контрола. Поради непристапност на теренот Територијалната против пожарна единица – Ресен не може да интервенира, но екипи на Националниот парк, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи се на терен со заштитен појас го спречиле ширење на огнот.
Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски состојбата на терен денеска ја оцени како постабилна.
-Во Националниот парк „Галичица“ со заштитниот појас пожарот е ограничен и нема поголемо проширување. Поради ветерот не можеме да кажеме каква ќе биде состојбата за два – три часа. Доколку има потреба ќе се активираат авионите за гасење пожар на Дирекцијата за заштита и спасување, посочи Гошаревски.
Командирот на ТППЕ Ресен Ристе Илиевски информира дека нивни екипи со три возила и шест пожарникари интервенираат на пожарот кај Прељубје.
-Дежурните екипи на ДЗС, ЦУК и НП „Галичица“ направија појас околу викенд населбата Сирхан. Наши екипи моментално се на терен интервенираат на пожарот кај Прељубје, но и таму поради трски и блато теренот е непристапен. Временските услови и ветерот кој дува во Преспанскиот регион, го попречува гаснењето,односно придонесува за ширење на пламените јазици, изјави Илиевски за МИА.
Пожарот што вчера го зафати Националниот парк „Галичица“ почна од трските покрај преспанскиот брег, но поради ветерот префрлил од другата страна на патот и зафати голем дел од шумата. Според проценките, до синоќа беа зафатени над 300 хектари шума.
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски