Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
Пожарот кај поранешната депонија Вардариште е ставен под контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Како што велат, за кратко време постепено ќе биде вклучена електричната енергија во деловите од градот каде што беше исклучена од превентивни причини.
Претходно од Електродистрибуција информираа дека на барање на Противпожарната бригада на Град Скопје, заради пожарот кај Вардариште, превентивно беше исклучен далекуводот што ги снабдува трафостаниците „Аеродром” и „Исток”.
Оваа мерка, како што рекоа, е преземена од безбедносни причини, со цел да се овозможи гаснење на пожарот и да се спречат поголеми дефекти на мрежа.
Од Центарот за управување со кризи, пак, претходно информираа дека е исклучена струјата за корисниците на Аеродром и Лисиче поради пожар на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект.
Дел од граѓаните информираат дека веќе има напојување со електрична енергија во делови од Аеродром и Ново Лисиче.
МИА
Ново на Сител
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици
-
Во земјотресот во Авганистан досега загинале повеќе од 1.400 лица, над 3.000 се повредени
-
ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари
-
Родители се расправаат со негувател во Зоолошка додека со децата висат на заштитна ограда | ВИДЕО
-
Приведено 11-годишно дете од Куманово, го фатиле како краде од продавница
-
84-годишник тешко повреден откако малолетник со електричен тротинет удрил во него
-
На Табановце уапсени унгарец и србин, пренесувале кокаин, амфетамин, кетамин и МДМА таблети
-
Три девојчиња тепаат и снимаат 11-годишна малолетничка во Чаир | ВИДЕО