Пожарот кај Требовље се шири кон Здуње и Близанско
Пожарот во атарот на село Требовље почна да се шири во правец на атарот на село Здуње и према Близанско. Од Дирекцијата на Центарот за управување со кризи информираат дека се преземаат мерки пожарот да се стави под контрола.
Денеска на терен дејствуваат екипи на ДЗС, ЈП Македонски шуми - македонски Брод, општините Македонски Брод, месно население, екипа од ЗД во Македонски Брод, патролна служба за регулирање на сообраќајот од ПС - Македонски Брод, ТППЕ во Македонски Брод и седум други тимови на ТППЕ, како и два авиони од ДЗС на РМ и 1 хеликоптер од АРМ.
Ова се мерки за преземање што се донесени на состанок на РШ за управување со кризи на ПО - РЦУК Македонски Брод одржан вчера.
Состојбата на терен ја следи РЦУК - Македонски Брод и е во контакт со надлежните институции.
Денеска со цел да се направи увид во моменталната состојба на теренот во посета на селото Требовле се директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку и раководителот на координативното оперативно тело за справување со пожари предложен од Управувачки комитет Драги Тарчуговски.
Ново на Сител
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук