Пожарот кај село Девич, Бродско, локализиран но се уште активен
Пожарот кој во понеделникот напладне избувна кај село Девич, Бродско е локализиран, но сè уште е активен. Крај огненото жариште дежураат екипи од шумско стопанство и го контролираат пожарот за да не дојде до негово проширување кон селото.
– Пожарот кој во понеделникот попладне избувна кај село Девич е локализиран, но сè уште е активен. Појавата на пожарот се случи во една плевна, најверојатно по човечко невнимание, во близина на шумата, по што беше опожарен шумски појас во кој доминантно беше застапена нискостеблеста шума, смрека и други растенија и се ширеше кон тешко пристапен терен подалеку од селото. По интервенцијата на војската иТППЕ Македонски Брод, спречено е ширење на пожарот и загрозување на селските куќи. По дванаесет часовна битка со огнената стихија пожарот е локализиран а кога ќе биде целосно изгаснат сè уште не можеме да потврдиме. Најважно е што се следи состојбата за да не дојде до негово реактивирање на поголем простор – рече Гоце Сараќиноски, командир на ТППЕ Македонски Брод.
Саракиноски посочи, дека најавите за пороен дожд во текот на утрешниот ден е најдобрата вест што се однесува до целосното гаснење на пожарите и избегнување на опасноста од појава но нови огнени жаришта.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги