Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите на реката Луда Мара

Куче било спасено синоќа од страна на пожарникарите, од водите на реката Луда Мара во Кавадарци. Член на здружение за заштита на животните ја известил Противпожарната служба која веднаш излегла на терен и успеала да го спаси кучето.
- Во речното корито на Луда Мара било забележано куче – мокро, исплашено и целосно беспомошно. Член на Здружението „Лина спаси живот – добиј живот, спас за животните“ веднаш реагирал и ја известил противпожарната служба каде на терен пожарникарите со брза и професионална акција го извлекле од водата, информираа од од Кабинетот на градначалникот на Кавадарци.
Кучето било пренесено во стационар каде ќе му биде обезбедена соодветна нега и помош доколку е потребно.
- Голема благодарност за храброста, вниманието и љубовта кон животните. Хуманите дела зборуваат најгласно, заедно спасуваме животи, стои во објавата споделена на Фејсбук страницата на градоначалникот.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Банкарот на Вучиќ станал банкар на Мицкоски
-

Родовата еднаковст како европски стандард
-

Електронски ќе се вадат потврдите за царински долг
-

Странските студенти на УГД го менуваат фокусот, информатика пред медицина
-

Подготовки за Свети Никола во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
