Подготовки за Свети Никола во Прилеп
По 20-ти јубилеен пат Прилеп на 19 јануари ќе го одбележи својот патрон празник, заштитникот градот, односно градската слава Свети Никола.
Годинава домаќини се две прилепските компании. Како и секоја година одбележувањето започнува со Божествена литургија во црквата Св. Благовештение, а потоа се прережува славкиот колач во центарот на градот кај параклисот на светителот. Се враќа традиционалното виткање на сарми од прилепските домаќинки.
„Го враќаме традиционалното виткање на сарми, има неколку зруженија на жени, со тоа сакаме пред се да дадеме акцент на традиционалните вредности кои некако на сите ни недостасуваат во нашиот град“, вели Игор Стефанов, домаќин на градската слава.
„Сакам со голема чест да ги поканам сите на 19 декември да ја одбележиме традицијата и да прославиме Свети Никола на плоштадот, заштитникот на нашиот град“, рече Милан Биќанин, домаќин на градската слава.
На плоштадот ќе бидат поставени шатори, ќе има греено вино и ракија за секого, како и посна трпеза составена од посните сарми, грав и риба. Нема да има поделби како други години, туку сите и домаќините и гостите и народот, ќе седат сите на иста маса на отворено.
„Да си ја продолжиме традицијата која на нас на сите ни значи, преку тоа градиме заедништво, го имаме заедништвото и само дополнително го зајакнуваме и во име на религијата и во име на оној социјален аспект дека овој град заслуѓува да има ваков ден и за овие 20 години сме покажале дека сме единствени по тоа“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.
„Има музички групи, соло пејачи, изложби, спортски натпревари со хуманитарен карактер. Годинава ќе не забавувата Тајфата, а во Центарот за култура во ликовниот салон е поставена изложбата на икони која што е насловена „Уметниците во чест на Свети Никола“, вели Снеже Ристески, советник за култура во Општина Прилеп.
Инаку Градската слава Прилеп ја воведе во 2006 година, бидејќи половината од жителите за куќна слава го имаат Свети Никола, а другата половина им одат на гости.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
