Пожарникари се борат со голем шумски пожар на хрватскиот остров Брач
Голем шумски пожар избувна ноќеска на хрватскиот остров Брач, а противпожарните сили и денеска се борат со огнената стихија, јави Хрватската радиотелевизија (ХРТ).
Околу полноќ, пожарникарите добиле пријава за пожар во густа борова шума кај селото Ново Село. На терен се распоредени 43 пожарникари со 15 противпожарни возила, а утрово во гаснењето се вклучи и авион „Канадер“.
Досега изгореле околу седум хектари борова шума и ниска вегетација. Силен ветер го шири огнот и ги отежнува напорите на пожарникарите.
– Ситуацијата е задоволителна, иако сè уште не можеме да потврдиме целосна контрола, бидејќи продолжува да дува ветер, а теренот е тешко пристапен, особено на северната страна. Се надеваме дека времето ќе биде на страната на пожарникарите и дека наскоро ќе го ставиме пожарот под контрола, изјави претседателот на Доброволното противпожарно друштво на Брач, Тино Штамбук.
МИА
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина
-
Три активни пожари - во Јасен, Студеничани и Липково
-
Кривична против 43-годишник од Скопје, физички нападнал едно лице со нож во хотел
-
Прегазен 74-годишник во Тетово, возачот побегнал од местото на настанот
-
Сообраќајна несреќа помеѓу два автомобили и автобус, повредени пет лица, едно лице со тешки телесни повреди
-
Вчера 596 санкционирани возачи за возење со брзина поголема од дозволената
-
Пожар од запалена цигара оставена на душек во Кавадарци
-
Утре локален пороен дожд, од среда до петок стабилно, за викендот повторно врнежи