-->
-->
Пожарите во јули во Грција зафатиле над 13.000 хектари површина
-->

Од почетокот на годинава, пожарите во Грција зафатиле вкупна површина од над 21.500 хектари, додека пак само во јули надминува 13.000 хектари, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.
Минатиот месец во различни делови на Грција избувнаа шест големи пожари што зафатија вкупна површина од над 13.270 хектари или 60 отсто од зафатената површина во текот на 2022 година.
Најголема површина, околу 4.000 хектари беше зафатена во пожарот во Националниот парк Дадиа во Еврос, додека пак големиот пожар во близина на Атина во кој изгореа и домови, беше на површина од околу 2.780 хектари
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
