Пожари во Студеничани, Зелениково, Македонски Брод и Кичево
До 16:30 часот попладнево пожари се регистрирани во општините Студеничани, Зелениково, Македонски Брод и Кичево, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Се уште е активен пожарот во општина Студеничани, кај селата Елово и Осинчани, каде гори мешана шума. На гасење на пожарот ангажирани се припадници на Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица Скопје.
- Кај село Дејковец, општина Зелениково пожарот е се уште активен. Од последните информации од Подрачното одделение, имаме сознание дека противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување повторно се насочени за гасење на овој пожар, а во моментов на лице место се и вработените од Подрачното одделение, велат од ДЗС.
Во атарот на село Крапа, во Македонски Брод појавен е пожар на нискостеблеста шума и смрека. Пожарот е појавен во 09:45 часот. На терен се ангажирани две лица од Дирекцијата за заштита и спасување, три лица од ТППЕ и девет лица Шумско стопанство. Опожарена е површина од 15 хектари.
Во општина Свети Николе, кај село Гурганци на патот кон Куманово во 14:00 часот појавен е пожар каде е опожарена ниска трева со опасност да зафати и борова шума. На терен се ангажирани противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, како и вработените од подрачното одделение за заштита и спасување.
Во кичевската населба Горица појавен е пожар во 11:30 часот на стрниште. Пожарот е се уште активен и на негово гасење се ангажирани ТППЕ со едно возило и двајца пожарникари, информират од Дирекцијата за заштита и спасување.
Ново на Сител
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника
-
НАТО Самит во Хаг
-
Славески препорачува намалување на банкарските провизии
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито