Пожари во Португалија: Се урна канадер, загина пилотот
– Канадер кој гаснеше шумски пожар во Португалија се урна синоќа во близина на Вила Нова де Фоз Кое, во северниот кварт Гарди, при што загина пилотот на авионот, во кој немаше други лица, соопшти цивилната заштита.
„Засега немаме детали за тоа што се случило“, изјави командантот на националната цивилна заштита Андре Фернандес. Авионот бил од типот FireBoss со средна големина.
„Со неверување ја примив веста за смртта на пилотот на авионот кој се урна при гаснење на пожарот“, објави португалскиот премиер Антонио Коста на Твитер. Серија пожари избувнаа во Португалија, каде цела недела има високи температури, а спасувачката служба во петокот вечерта извести дека десетина активни пожари биле изгаснати од повеќе од 900 пожарникари.
Нешто повеќе од 30.000 хектари изгореа во Португалија од почетокот на 2022 година, што е најмногу од 2017 година, обележана со смртоносни пожари во кои загинаа стотици луѓе.
Ново на Сител
-
Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци
-
На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија
-
Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја во Општина Желино
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути