Пожар зафатил лозје и градина со овошни и градинарски култури во кавадаречко
Пожар зафатил лозје и градина со овошни и градинарски култури во кавадаречко, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Во саботата во 17 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во атар на село Брушани, кавадаречко, настанал пожар на сува трева и нискостеблеста шума, што зафатил и лозов насад сопственост на 43-годишната Р.С. од Кавадарци и градина со овошни и градинарски култури, сопственост на 64 годишната К.С. од Кавадарци. Повредени лица нема, пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, соопштија од СВР Велес.
Како што соопштија оттаму, рано утрово во 01:15 часот на улица „Горги Соколов" во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода П.Д. (36) од овој град, затоа што ги спречувал при вршење на службени дејствија. П.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе била поднесена соодветна пријава.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден