Македонија
8. September 2023 - 15:59

Пожар во село Латово во Македонски Брод

 Силен пожар изби денеска околу пладне на територијата на Општина Македонски Брод во атарот на село Латово, месност наречена „Лозје“, информираат од Центарот за управување со кризи.

- Над селото продолжува дабова и букова шума. За да се спречи ширење на пожарот во квалитетна шума како и да се превенира загрозување на с. Латово, на гаснењето на пожарот покрај локалните пожарникари како и пожарникари од Национални шуми, ќе се приклучат и еден ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Тој потенцира дека ер-тракторот има исклучително дејство со кое е постигнат голем ефект во гаснењето на пожарот.