-->
-->
Пожар во породилиште во Москва, едно лице повредено, 224 лица евакуирани
-->
Еден чувар е повреден во пожар што утринава избувна во породилиште во источниот дел на Москва, соопшти руската служба за итни случаи.
-Според ажурираните податоци, евакуирани се 224 лица, спасени се 37. Повреден е чуварот на зградата, изјави извор од службата за итни случаи, пренесоа руските медиуми.
Претходно прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека 39 лица се евакуирани поради пожарот што утринава избувна на седмиот кат од родилиштето во источниот дел на Москва.
Во меѓувреме пожарот е изгаснат, а пациентите и персоналот се сместени во друга зграда на болницата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ФЗОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура