Пожар во Оддел за ковид во болницата во бугарскиот град Русе
– Пациентка предизвика пожар во Одделот за ковид во болницата во Русе, јавија бугарските електронски медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, пациентката била приклучена на двоен извор на кислород, но ја симнала маската од лицето и со запалка почнала да бара предмет што и паднал вечерта под нејзиниот кревет. Близината на огнот до кислородот ја запалил маската и предизвикал пожар.
Само поради брзата и соодветна реакција на дежурниот тим, пожарот брзо е локализиран во Одделот за ковид во болницата Русе. Навремената реакција ја помогнала и самата пациентка, која веднаш дала сигнал преку алармниот систем во болницата.
Опожарени се неколку кревети, sидовите и апаратите со кислород во болничката соба. Четворицата пациенти не биле загрозени и тие веднаш биле префрлени во други простории.
Раководството на болницата во Русе размислува да издаде наредба според која на пациентите не треба да им биде дозволено да носат запаливи уреди при влегување во медицинска установа
Ново на Сител
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми