Пожар во најголемата џамија во Западна Европа

Најголемата џамија во Западна Европа што се наоѓа во јужен Лондон попладнево ја зафати пожар, а пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на огнот.
Како што јавуваат британски медиуми, во гаснењето на пожарот во џамијата Бајтул Футух во Лондон учествуваат најмалку 70 припадници на противпожарната служба.
Огнот избил во приземјето, а потоа се проширил на првиот кат.
Од полицијата наведуваат дека немаат информации дека имало луѓе во џамијата во моментот на избувнувањето на пожарот, како и оти се уште се работи на гаснењето.
- Видов мал облак од чад, се слушнаа аларми, а потоа огнот се прошири, сега тука се полицајците, пожарникарите, амбулантни возила и стотици граѓани, рече очевидец.
Џамијата е изградена во 2003 година, а за тоа се потрошени околу 5,5 милиони фунти. Се смета дека е најголема во Западна Европа и оти може да прими 10.000 луѓе.
Ново на Сител
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
