-->
-->
Пожар во куќа во кумановската населба „Перо Чичо“
-->
Изгоре дел од куќа во пожар што избувна претпладнево во Куманово, информира Територијалната противпожарна единица од Куманово.
Предниот дел од куќата бил направен од дрво и греди, а пожарот бил пријавен во 10:30 часот. Опожарената куќа се наоѓа на улицата „Трајко Прокопиев“ во кумановската населба „Перо Чичо“.
- Интервенираше противпожарна екипа со едно противпожарно возило. Пожарот, навреме е пријавен и изгаснат за скоро два часа, изјави командирот на ТППЕ, Дејан Илиевски.
На местото на настанот излезена е и увидна екипа од СВР Куманово, по што ќе се утврди причината за пожарот и ќе се процени материјалната штета
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови