Балкан
7. January 2018 - 14:00

Пожар во Катедралата во Корча по богослужбата на која прсуствувал и претседателот Мета

Во православната катедрала во Корча „Воскресение Христово“, која се наоѓа во центарот на овој албански град, избувнал пожар веднаш по одржаната богослужба на која присуствувал и претседателот на Албанија, Илир Мета.

Според албанските медиуми, пожарот се појавил во влезот на црквата, на местото каде што се палат свеќи. Веднаш интервенирала и противпожарната единица, која спречила проширување на огнот.

Претседателот Мета во Корча присуствувал и на фрлањето на осветениот крст. Православните албански граѓани повеќе години наназад верските празници ги одбележуваат според Грегоријанскиот календар и денес тие го одбележаа празникот Водици.

Богослужби имаше во сите цркви на Албанската афтокефална православна црква, освен во црквите каде што концентрацијата на Македонците е поголема.