Свет
30. November 2021 - 13:47

Пожар во Барселона: Загинаа четири лица, меѓу кои едно бебе и едно тригодишно дете | ВИДЕО

Две возрасни лица, тригодишно и тримесечно бебе ги загубија животите утрово во пожар што избувна во нелегално населена зграда на поранешна банкарска агенција во центарот на Барселона, соопштија локалните пожарникарски служби.

– Четирите жртви се двајца возрасни, едно бебе и едно тригодишно дете, изјави пред новинарите Анхел Лопез, шеф на пожарникарската операција, додавајќи дека огнот е изгаснат.

„Пожарникарите спасија четири лица и се обидоа да реанимираат уште четири (двајца возрасни, едно дете и едно бебе) кои загинаа”, напишаа пожарникарите на Твитер.

Четворицата спасени се хоспитализирани и не се наоѓаат во животна опасност.

Портпарол на полицијата изјави дека во зградата живееле две семејства.

Причината за пожарот не е позната, а полицијата го истражува случајот.