Македонија
22. January 2018 - 11:09

Пожар уништи семејна куќа во струшко Чепин

Вчера околу 16.30 часот во с.Чепин, струшко, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на М.В.(55).
 
При пожарот била зафатена покривната конструкција, мебелот и апарати за домаќинство на потпокривот, при што е причинета материјална штета од околу 1.200.000 денари, додека во пожарот нема повредени лица.
 
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.