-->
-->
Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе
-->
Седумнаесетгодишно момче од Свети Николе синоќа на забава запалил прскалка, при што од искрите настанал пожар и зафатил трева на државно земјиште.
Во соопштението од СВР-Штип се вели дека синоќа во 22.20 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека 17-годишник од Свети Николе, додека бил на роденденска забава кај другар, на балкон запалил прскалка при што од искрите настанал пожар кој зафатил сува трева на државно земјиште.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната Противпожарна единица Свети Николе, а повредени лица нема. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид