Пожар на падините на Петрино над Охрид

Шумски пожар попладнево избувна на падините на планината Петрино, над населбата Бејбунар во непосредна близина на градот Охрид, при што со пламен се зафатени околу два хектари површини со ниска вегетација и смреки.
Според информациите од Територијалната противпожарна единица од Охрид, пожарот избувнал во 13:45 часот, а како причина се наведуваат две можности – или човечки фактор или дефект на далноводната мрежа од трафостаницата што се наоѓа во непосредна близина, на што укажува и податокот што попладнево се регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на делови на градот.
Во гаснењето на пожарот се ангажирани речиси сите човечки и технички ресурси на Противпожарната единица од Охрид, како и на Националниот парк „Галичица“.
На ширењето на пожарот му погодуваат и временските прилики, односно високите температури и засилениот ветар што попладнево почна на дува во Охрид.
Ново на Сител
-

Возач без возачка дозвола лишен од слобода, полицијата го одзела „аудиото“
-

Во полициска акција што беше извршена синоќа во кругот на поранешната фабрика ОХИС одземена е голема количина на марихуана
-

Променливо време во наредните денови
-

Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните
-

11 возачи возеле без возачка и со активна забрана за управување моторно возило, од нив двајца се малолетници
-

Малолетник прегазен на булевар во Куманово
-

Лишен од слобода крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор
-

Во Јапонија откажан Фестивалот на цветање на црешите поради несовесни туристи
