Пожар кај кавадаречко Шивец, постои опасност за селото
Пожар избувна денеска кај кавадаречко Шивец, постои опасност за селото, надлежните се надеваат дека ќе се справат но теренот бил тежок.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, изјави дека постои опасност за селото но, како што рече, се надева дека ќе се справат со него со правилна тактика со поставување на луѓе на патот. Додаде дека но теренот е исклучително тежок, карпест.
- Пожарот почнал од сртот на ридот и се спуштал кон долот. Горат сува трева и трња но ако продолжи со ова темпо, пожарот ќе се спушти во долот многу брзо. Од другата страна на долот има црква а во самиот двор има многу високи дрвја, што нема да биде можно да се изгаснат. Веднаш после долот има еден пат на кој ќе се обидеме да распоредиме жива сила, кавадаречки пожарникари, кои веќе се исцрпени и гасат на неколку места. Побаравме поддршка и од полицијата и од локалното население, изјави Ангелов во видео изјава.
Тој посочи дека полицијата и градоначалникот Митко Јанчев се на лице мето.
-За жал не е само овој пожар, уште еден беснее, на граница помеѓу оваа општина и Росоман, кај селото Сирково. Врз него овој момент не е возможно да се воспостави контрола, додадае Ангелов.
Во овој момент, како што информира, во државата има повеќе од 15 активни пожари на отворено кои исклучително е тешко да се гаснат.
- Ефектите од воздухопловите беа добри, тие го успорија ширењето на пожарот, но не успеаа да стават се под контрола, рече Ангелов и додаде дека во овој момент поголем дел од воздухопловите биле на пауза или точење горива, а и високите температури не дозволуваат да летаат.
Тој информира дека Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување ќе полетаат после 15 часот, а хеликоптерите после 17 часот. - Во овој момент дејствуваат само два словенечки хеликоптери во струмичко Ново Село и еден црногорски на Серта, додаде Ангелов.
Ново на Сител
-
Протест на земјоделците во Брисел со барање за „силен“ буџет за земјоделството
-
Кубилиус: Историските спорови не треба да се решаваат со блокирање на кандидатите за членство во ЕУ
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе им овозможи на кандидатите за членство целосен пристап до средства од инструментот „Глобална Европа“
-
Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп
-
Божиновска за ветерниот парк кај Штип: Силен сигнал за стабилни инвестиции и зелена транзиција
-
Медиуми: Франција и Италија одбиваат да купуваат американско оружје за Украина преку НАТО
-
ОЈО Битола постапува во случајот со примање поткуп во Болницата во Битола, повеќе детали се најавуваат за утре
-
Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе