-->
-->
Пожар кај кавадаречко Галиште
-->
Горат нискостеблеста дабова шума и сува трева во атарот на кавадаречкото село Галиште.
Петко Ристовски, шеф за заштита на шуми во подружницата на ЈП Македонски шуми од Кавадарци, информираше дека пожарот кој избувна во петокот на прилепска територија и се уште е активен, од синоќа е префрлен и во кавадаречкиот дел.
- Засега се зафатени околу два хектара во Кавадаречко, кај местото викано Србиново. Во гаснењето учествуваат работници од подружниците на Македонски шуми од Прилеп и Кавадарци, прилепски пожарникари и луѓе од ловиштето „Сафари", соопшти Ристовски.
За полесно справување со пожарот тој очекува во акцијата на гаснење да се вклучат и воздухоплови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот