Македонија
10. October 2017 - 19:30

Пожар: Гори старата зграда на општина Куманово

Пожар избувна вечерва околу 18 часот во старата зграда на општината Куманово – пренесува „Куманово њуз“.

Според неофицијални информации, пожарот избувнал во кујната на еден од рестораните што се наоѓа на приземјето на објектот, по што се запалил оџакот и го зафатил кровот на зградата. На терен се екипи на противпожарната единица кои го гаснат пожарот, како и екипи на Брза помош.