Повторување на претседателските избори Австрија ќе ја чини 15 милиони евра
Повторувањето на вториот круг од претседателските избори во Австрија, закажано за 4 декември, ќе ја чини државата најмалку 15 милони евра, но конечната сума ќе биде позната дури по гласањето, тврди австриското Министерство за внатрешни работи.
Телевизијата Пулс 4 објави дека повторувањето на изборите, кое ќе се случи поради поништувањето на исходот од гласањето кон крајот на мај поради неправилностите во пребројувањето на гласовите, пристигнати преку пошта, ќе чини вкупно 40 милиони евра.
Министерството не сакаше да даде коментар на извештајот на телевизијата.
Што се однесува до прогнозираните 15 милиони евра, тие произлегувата врз основа на измените на изборниот закон, кој е усвоен, а кој предвидува покрај воспоставување Централен избирачки регистер, бројни измени и по прашање за преземање на трошоците од страна на покраините. Целта е да се поштедат општините од допонителното финансиско оптоварување.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот